Надворешен поглед на домот Оаза - главна фасада

Добредојдовте во „Оаза"

Ние не сме вообичаена установа за стари лица. Ние сме како семејство, заедница и сигурна средина за Вашите најмили, каде што индивидуалноста на секој корисник е срцето на нашата мисија. Во „Оаза" создаваме баланс меѓу приватноста и колективното живеење, нудејќи персонализирана грижа и уникатно искуство за секој наш корисник.

Нашиот тим е посветен на обезбедување на средина која инспирира доверба, љубов и поддршка, каде што секој корисник ќе се чувствува како дома, креирајќи секојдневие исполнето со достоинствен третман, активности, и радост што секој ден го прават посебен.

Зошто Оаза?

  • Индивидуална грижа

    Секој корисник добива персонализирана нега прилагодена на неговите физички, психолошки, емоционални, социјални, когнитивни, духовни, рекреативни и безбедносни потреби.

  • Медицинска поддршка

    Нашиот тим на квалификувани медицински лица обезбедува континуирана грижа - од редовен мониторинг до специјализирани услуги, секогаш со фокус на здравјето и добросостојбата на корисниците.

  • Современ пристап

    Ги интегрираме најновите трендови и иновативни методи во грижата и негата за да го подобриме квалитетот на живот на секој корисник.

  • Активно стареење

    Поттикнуваме здрави навики преку активности кои ја поддржуваат физичката и менталната виталност, овозможувајќи им на нашите корисници да го живеат својот полн потенцијал, без разлика на животната фаза или состојба.

  • Заедница каде секој е подеднакво важен

    Создадовме заедница која овозможува дружење, активности и поддршка, но секогаш со почитување на личниот простор и избор на секој корисник.

  • Поддршка за семејствата

    Свесни сме дека сместувањето на саканите во установа претставува голем предизвик. Нудиме психосоцијална поддршка, коучинг и едукативни семинари, градејќи однос на отворена комуникација, доверба и искреност.

Вредности на ОАЗА

Секоја буква од нашето име носи вредност која ја живееме секој ден.

ОАЗА
ОАЗА

Отвореност и одговорност

Отвореност: Создадовме средина каде што секој може слободно и искрено да ги изрази своите потреби, мисли и чувства. Одговорност: Секогаш го преземаме водството и се грижиме за благосостојбата на нашите корисници, обезбедувајќи им поддршка и грижа на највисоко ниво.

Активно стареење

Поттикнуваме активен и динамичен начин на живот преку бројни активности кои ги одржуваат телото и умот активни, во согласност со индивидуалните можности и капацитет на секој корисник.

Задоволство, Заедништво, Згрижување, Здравје

Задоволство: Се стремиме кон задоволување на потребите и желбите на корисниците, овозможувајќи им среќа и задоволство во секојдневниот живот.

Заедништво: Изградивме силна заедница каде што поддршката и дружењето се во центарот на секојдневните активности.

Згрижување: Обезбедуваме највисок квалитет на грижа, за секој да се чувствува сакано, прифатено и згрижено.

Здравје: Грижата за физичкото и менталното здравје, со фокус на програмите и услугите кои го поттикнуваат општото здравје на нашите корисници.

Адаптација

Се прилагодуваме на промените и уникатните потреби на секој од нашите корисници, осигурувајќи дека сите добиваат индивидуализирана поддршка и грижа.

О

А

Активно стареење

Поттикнуваме активен и динамичен начин на живот преку бројни активности кои ги одржуваат телото и умот активни, во согласност со индивидуалните можности и капацитет на секој корисник.

З

Задоволство, Заедништво, Згрижување, Здравје

Задоволство: Се стремиме кон задоволување на потребите и желбите на корисниците, овозможувајќи им среќа и задоволство во секојдневниот живот.

Заедништво: Изградивме силна заедница каде што поддршката и дружењето се во центарот на секојдневните активности.

Згрижување: Обезбедуваме највисок квалитет на грижа, за секој да се чувствува сакано, прифатено и згрижено.

Здравје: Грижата за физичкото и менталното здравје, со фокус на програмите и услугите кои го поттикнуваат општото здравје на нашите корисници.

А

Адаптација

Се прилагодуваме на промените и уникатните потреби на секој од нашите корисници, осигурувајќи дека сите добиваат индивидуализирана поддршка и грижа.

Мисија и визија

Нашите цели

Во „Оаза" силно веруваме дека не е најважно колку години живот имаме, туку колку живот има во годините.

Нашето мото „Живот во годините, радост во деновите" не е само зборови - тоа е начинот на кој го креираме секојдневието на нашите корисници, исполнето со топлина, грижа и радост!

Адора Бизнис Групација

Идејата за „Оаза" произлезе од потребата да се смени ставот дека домот за стари лица е место каде завршува животот, затоа „Оаза" ја градевме како средина во која корисниците достоинствено ќе ја живеат староста, со нега прилагодена на нивните потреби, а нивните семејства да имаат доверба дека нивните најблиски се на место каде што грижата е искрена и посветена.

Сеопфатна грижа

Составивме мултидисциплинарен тим на стручни лица кои обезбедуваат целосна поддршка - медицинска, социјална и секојдневна - за секој корисник.

  • Социјален работник

    Социјална заштита

  • Медицински сестри

    Медицинска нега

  • Физиотерапевти

    Рехабилитација

  • Негуватели

    Дневна нега

  • Тим за исхрана

    Кујна и исхрана

  • Помошен персонал

    Оперативна поддршка

Запознајте го концептот на Оаза одблизу.

Ве покануваме на лична посета за да ја почувствувате сигурноста, квалитетот, удобноста и услугите кои ги нудиме.