Професионална нега и индивидуална посветеност
Во Оаза, внимателниот и индивидуализиран пристап кон секој корисник е основа на нашиот начин на работа, каде примарни аспекти се здравствената состојба, општата благосостојба и личните потреби на секој од нив. Нашата цел е да обезбедиме комфор, безбедност и високо ниво на нега за секоја личност која што ни го доверува своето здравје.
Ви помагаме со секојдневните задачи
Нашите посветени негуватели обезбедуваат професионална и индивидуална нега, фокусирајќи се со почит и внимание на секојдневните потреби на корисниците.
Лична хигиена
Професионална грижа при капење и одржување на личната хигиена, со цел зголемување на комфорот и самодовербата на корисниците.
Облекување и секојдневна нега
Грижа при облекување и соблекување, прилагодена на потребите и способностите на секој корисник, со внимание кон комфорот и достоинството.
Исхранување
Обезбедување поддршка при оброците, внимавајќи на диететските барања и потребите за здрава и балансирана исхрана.
Одржување на хигиенски потреби
Комплетна грижа за сите хигиенски потреби, овозможувајќи на корисниците чувство на достоинство и сигурност во секој момент.
Движење
Поддршка при движење и секојдневни активности, насочена кон зголемување на независноста и мобилноста на корисниците.
Слободно време
Организирање и вклучување во креативни активности, работилници, дружење и рекреација - за исполнети и збогатени слободни моменти.
Нашиот тим континуирано ги следи потребите на корисниците и се адаптира на промените во нивното здравје и способностите. Преку постојана евалуација и подобрување на нашите процеси, работиме за да обезбедиме највисок квалитет на нега и прилагодени активности кои ги стимулираат, ги поттикнуваат и ги поддржуваат корисниците, помагајќи им да ги зачуваат и унапредат своите моментални капацитети.