Посветете дел од своето време - направете разлика

Волонтирање

Доколку сакате да одвоите дел од Вашето слободно време и да го посветите на корисниците во Оаза, помагајќи им, развеселувајќи ги и спојувајќи го корисното со пријатното, придружете ни се.

Постојат повеќе позиции на кои можете да волонтирате, а една од најпотребните е дружењето со корисниците. Во зависност од специфичните знаења и вештини кои ги поседувате, можете да организирате:

  • Креативни работилници
  • Работилници за плетење и везење
  • Курсеви за странски јазици
  • Информатички работилници
  • Други активности во договор со нашите стручни лица

Стручна пракса

Изградете компетенции во реална средина

Доколку сте студент и имате желба да ги зајакнете Вашите професионални компетенции, Ве покануваме Вашата задолжителна стручна пракса која ја имате во рамките на наставната програма да ја реализирате во Оаза. Нашите стручни работници од различни области со задоволство ќе ги пренесат нивните практични знаења и вештини со Вас.

Оаза има успешно изградена соработка со високообразовни институции во државата. Од тука, целосно ги почитуваме прописите во високото образование и желбата на студентите и наставниот кадар во насока на квалитетно образование.

Издавањето на потврди за остварена стручна пракса, без физичко присуство и реализирани задачи на студенти со менторот, се коси со нашите етички принципи во нашата професионална работа и истите не ги издаваме.

Испрати апликација

Пополнете ја формата и прикачете ја Вашата биографија и мотивациско писмо.

Тип на апликација *
Повлечи датотека или кликни за прикачување
Дозволени формати: PDF, DOC, DOCX - Максимум 5MB
Повлечи датотека или кликни за прикачување
Дозволени формати: PDF, DOC, DOCX - Максимум 5MB