Рехабилитација и виталност

Оаза располага со современо опремена сала за физикална терапија, дизајнирана да одговори на потребите на сите наши корисници преку интегриран пристап кон здравјето и благосостојбата. За секој корисник креираме индивидуален план за терапија во согласност со неговата здравствена состојба и специфични потреби. Секој план е внимателно изготвен врз основа на препораки од доктори специјалисти, со што се гарантира безбедност и ефикасност - бидејќи не секоја терапија е соодветна за секого.

ДостапноПонеделник - Петок, 08:00 - 16:00

Терапии и техники

  1. ТЕНС

    Транскутана електрична нервна стимулација - која користи слаби електрични струи за стимулација на нервите и мускулите, што помага при намалување на болката и подобрување на мускулната функција.

  2. Ултразвук

    Терапија со високофреквентни звучни бранови која ги стимулира мускулите и ткивата, со цел намалување на воспалителните процеси и подобрување на циркулацијата.

  3. Пресо терапија

    Техника со компресија на воздух за подобрување на циркулацијата и намалување на отоците, овозможувајќи побрзо заздравување и подобра мускулна функција.

  4. Масажи

    Рачна терапија за релаксација на мускулите, намалување на напнатоста и зголемување на флексибилноста, со позитивно влијание врз општата здравствена состојба.

  5. Кинезитерапија

    Терапија базирана на движења и вежби за лекување на повреди и болести, која го подобрува обемот на движење и функционалниот капацитет на корисниците.

  6. Магнетотерапија

    Техника која користи нискофреквентни магнетни полиња за поттикнување на природната регенерација на клетките, намалување на воспаленијата и забрзување на заздравувањето на коските и меките ткива.

Индивидуален пристап

За секој корисник креираме индивидуален план за терапија во согласност со неговата здравствена состојба и специфични потреби. Секој план е внимателно изготвен врз основа на препораки од доктори специјалисти, со што се гарантира безбедност и ефикасност - бидејќи не секоја терапија е соодветна за секого.

Важно: Не секоја терапија е соодветна за секого. Пред започнување на третман, секогаш се консултираме со матичниот лекар или специјалист.

Специјализирани рехабилитациски програми

Сакате да дознаете повеќе?

Контактирајте не за бесплатна консултација и заедно ќе го пронајдеме најсоодветниот третман за вашите потреби.

Закажи консултација