Медицинска грижа на највисоко ниво

24/7 здравствена заштита и прецизно спроведување на индивидуалниот здравствен третман за стабилна состојба на секој корисник.

Медицинска поддршка за безгрижен престој

  1. Редовни медицински прегледи

    Редовни медицински прегледи и следење на здравствениот статус, со проверки на витални параметри како крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол и други здравствени показатели.

  2. Следење на хронични заболувања

    Навремено откривање и управување со компликации, додека преку консултации со специјалисти, овозможуваме севкупна и стручна поддршка на здравјето на нашите корисници.

  3. Управување и контрола на терапија

    Прецизно администрирање на лекови според препораките на доктор, со постојано следење на ефикасноста на терапијата за секој корисник.

  4. Третман на рани

    Третман на рани во соработка со специјализирана служба за рани, што гарантира сигурност и професионалност во негата.

  5. Прилагодена исхрана

    Планирање и подготовка на здрави оброци според здравствените потреби и медицинските препораки на секој корисник, со посебно внимание на диететските барања.

  6. Ургентна медицинска нега

    Брзо преземање на соодветни мерки во случаи на неочекувани здравствени потешкотии, како и транспорт до медицински установи кога е потребно.

  7. Транспорт со сопствено санитетско возило

    Располагаме со сопствено санитетско возило за безбеден и брз транспорт на корисниците до здравствени установи кога е потребно.

  8. Палијативна нега

    За корисниците со терминални заболувања, нудиме палијативна нега, осигурувајќи удобност, контрола на болката, достоинствен третман и подобрен квалитет на живот.

  9. Грижа за ментално здравје

    Редовна психо-социјална поддршка и консултации со психолози или психијатри кога е потребно, за сеопфатна грижа за менталната благосостојба.

Во Оаза, високите стандарди за медицинска грижа се постојано унапредувани преку редовна едукација и обука на нашиот медицински персонал, во насока на примена на најновите практики и стандарди во секојдневната нега.

Оаза Медика - приватна здравствена установа

Доктори блиску до вас, кога ви се најпотребни

ПУСЗ ОАЗА со задоволство ја најавува соработката со ПЗУ Оаза Медика, приватна здравствена установа која се наоѓа во истиот објект. Оваа блиска физичка и професионална поврзаност значи едно: полесен, побрз и посигурен пристап до здравствена грижа за сите корисници.

Сакате да дознаете повеќе?

Дознајте повеќе за нашите медицински услуги и стручен тим.

Контактирај нè