Социјална грижа
Емоционална поддршка, дружење и активности за квалитетен живот - рекреација, работилници, екскурзии, музикотерапија и уште многу повеќе.
Основни социјални услуги
Адаптација на нови корисници
Посветуваме посебно внимание на периодот на адаптација на новите корисници. Тимот на нашата установа работи внимателно за да им помогне на новите корисници да се интегрираат во заедницата, обезбедувајќи им индивидуализирана поддршка и внимание за полесно прилагодување.
Социјална и психолошка поддршка
Квалификувани стручни лица организираат групни активности и индивидуални сесии, помагајќи на корисниците и членовите на нивните семејства во развој на социјални мрежи и интеграција.
Остварување права од социјална заштита
Им помагаме на корисниците да ги разберат своите права и обврски, и да добијат соодветна поддршка во процесите за нивно реализирање.
Поддршка за семејствата
Во Оаза, сме свесни дека одлуката да се смести член на семејството во установа за стари лица не е лесна и претставува значаен емоционален предизвик за семејствата. Токму затоа, нашиот тим на стручни работници обезбедува психосоцијална поддршка и за семејствата на корисниците.
Емоционална поддршка
Поддршка за семејствата во текот на целиот процес на транзиција, со посебно внимание на разбирањето на чувствата на вина, загриженост или стравови кои може да се појават.
Средби и консултации
Организирање на средби со семејствата за да се разјаснат сите аспекти на грижата, олеснувајќи ја соработката и зајакнувајќи ја довербата.
Советувања при адаптација
Помош во разбирањето на промените што ги доживуваат старите лица - физички или когнитивни - и прифаќање на новата реалност.
Меѓусебна доверба и соработка
Семејствата се чувствуваат вклучени во грижата за нивниот близок и информирани за неговиот напредок и потреби.
Безбедна средина, достоинствен живот
Во Оаза, грижата за корисниците со деменции и Алцхајмерова болест е заснована на почит, професионалност и емпатија. Веруваме дека секој корисник заслужува љубов и достоинство, а ние сме тука да им помогнеме да живеат квалитетен живот, полн со значајни моменти и позитивни искуства.
Откријте ги нашите програми
Сакате да дознаете повеќе?
Дознајте повеќе за нашите социјални програми.
Контактирај нè