

Сигурен и целосно приспособен простор за вашите сакани
Оаза во оваа фаза располага со 32 современо опремени соби на два ката, кои нудат висок степен на приватност и функционалност. Изборот опфаќа комфорни Superior двокреветни единици со приватни тераси и Standard соби со пријатен амбиент, додека едниот кат е целосно специјализиран и безбедносно прилагоден за лица со деменција.
Разгледај ги собитеСе што е важно, на едно место
Оаза Медика
Приватна здравствена установа во истиот објект. Координирана соработка за полесен, побрз и посигурен пристап до здравствена грижа.
Парк „Оаза“
Прекрасно уреден простор за опуштање и рекреација, засаден со родни дрвја, со клупи и патеки за прошетки.
Кафе бар Оаза
Пријатен кафе бар каде корисниците и нивните посетители можат да се релаксираат со топли и ладни пијалаци.
Мини зоолошка градина
Уникатна атракција за сите генерации - контакт со животните, блискост со природата, незаборавни моменти.
Детско игралиште
Современо игралиште во паркот за најмладите посетители - секоја семејна посета е пријатна.
Фризерски салон
Модерен фризерски салон во рамките на Установата. Професионални фризерски услуги за свеж изглед и самодоверба.
Сакате лично да ги видите нашите простории?
Дојдете на посета и запознајте го Оаза со свои очи.