Грижа за деменција

Специјализирана нега и поддршка за корисници со деменција, со персонализиран план за нега и емоционална поддршка за семејствата.

Во Оаза, со особено внимание се грижиме за потребите на нашите корисници кои се соочуваат со деменција и Алцхајмерова болест. Нашата основна цел е да создадеме сигурна и поддржувачка средина која им овозможува на овие корисници да живеат задоволно и достоинствено секој ден.

Наш пристап

  1. Персонализиран план за нега

    Секој корисник е уникатен. Нашиот тим од стручни лица работи заедно со семејствата за да создаде персонализиран план за нега, прилагоден на индивидуалните потреби и стадиумот на болеста.

  2. Физичка и ментална стимулација

    Индивидуализирани програми и активности насочени кон стимулација на когнитивните функции, зачувување на навиките и подобрување на квалитетот на животот.

  3. Емоционална поддршка

    Емоционална поддршка како за корисниците, така и за нивните семејства - преку едукативни семинари, групи за поддршка и индивидуални консултации.

  4. Физички вежби за мобилност

    Активности и вежби за одржување на мобилноста, координацијата и рамнотежата, прилагодени на индивидуалните капацитети на секој корисник.

  5. Мемориски игри и реминисценција

    Техники за реминисценција кои го поттикнуваат сеќавањето преку споделување животни приказни, стара музика и фотографии, зачувувајќи го идентитетот.

  6. Техники за релаксација

    Техники за релаксација и медитација кои го намалуваат стресот и анксиозноста, создавајќи чувство на внатрешен мир и удобност.

  7. Терапија со животни

    Терапија со животни која го поттикнува чувството на удобност, заедништво и емоционална поврзаност кај корисниците.

  8. Реминисцентна терапија

    Организирани сесии за поттикнување на пријатни сеќавања преку споделување животни приказни, стара музика и фотографии, со цел зачувување на идентитетот и подобрување на менталната состојба.

Деменција

Специјализиран оддел за деменција

Зона со највисок степен на безбедност каде целиот кат функционира како поттикнувачка средина за социјална и емоционална интеракција преку окупациона терапија, надополнета со специјализирана сензорна соба за релаксација и сетилна стимулација.

  • Безбедносно прилагоден кат
  • Сопствен тоалет и мали тераси
  • Трпезарија и дневен престој
  • Сензорна соба

Единиците можат да се прилагодат според индивидуалните потреби и здравствената состојба на корисниците.

Сакате да дознаете повеќе?

Дознајте повеќе за нашата специјализирана нега за деменција.

Контактирај нè