
Секој дел од објектот е функционално проектиран да овозможи лесно движење, максимална хигиена и медицинска поддршка во софистициран амбиент.
- 32станбени единици
- 2ката
- 3типови сместување
Superior станбени единици
Пространи единици со големи приватни тераси, кои нудат максимална релаксација и комфор.
- Големи приватни тераси
- Сопствен прилагоден тоалет
- Максимална релаксација и комфор
- Заеднички простории за работна терапија
Standard станбени единици
Комотни единици достапни со или без тераса, кои нудат функционален простор за безгрижен секојдневен престој.
- Сопствен прилагоден тоалет
- Достапни со или без тераса
- Комотен и функционален амбиент
Приватна соба: Секоја Standard станбена единица може да се претвори во приватна соба за еден корисник. Приватните единици нудат целосна приватност и можност за персонализирано опремување со сопствен мебел, задржувајќи го истиот комфор и опременост - вградени плакари, сопствен прилагоден тоалет и можност за избор на ергономски или медицински кревет.
Секоја единица комплетно опремена
Секоја станбена единица е комплетно опремена со вградени плакари, Smart TV со Wi-Fi интернет и сопствен прилагоден тоалет. Изборот на кревети (ергономски или медицински) и дополнителна опрема се прилагодува според индивидуалните потреби и здравствената состојба на корисникот.
- Плакари
- Smart TV со Wi-Fi интернет
- Сопствен прилагоден тоалет
- Ергономски или медицински кревет во согласност со потребите
- Сигнални уреди за алармирање во секоја единица
- Сигнални уреди и во тоалетите
- Функционално проектиран простор за лесно движење
- Дополнителна опрема по индивидуална потреба
Во тековната прва фаза, капацитетот е фокусиран на 32 станбени единици лоцирани на првиот и третиот кат - специјализираниот оддел за деменција.
Специјализиран оддел за деменција
Зона со највисок степен на безбедност каде целиот кат функционира како поттикнувачка средина за социјална и емоционална интеракција преку окупациона терапија, надополнета со специјализирана сензорна соба за релаксација и сетилна стимулација.
- Безбедносно прилагоден кат
- Сопствен тоалет и мали тераси
- Трпезарија и дневен престој
- Сензорна соба
Единиците можат да се прилагодат според индивидуалните потреби и здравствената состојба на корисниците.
Закажете посета
Дојдете и лично запознајте ги нашите сместувачки капацитети.