Листа за сместување - Што да понесете со себе?

Практичен водич за семејствата: што е потребно при сместување во дом за стари лица и како да го олесните преминот.

1. Облека

  • Маички и блузи (удобни и лесни за облекување, со долги и кратки ракави - доволно за една недела)
  • Џемпери или елеци (за дополнителна топлина)
  • Панталони или здолништа (удобни, со ластик, по можност без копчиња)
  • Чорапи (памучни и термо за студено време)
  • Хулахопки или ѕиври (по потреба)
  • Долна облека (долни маици, поткошули, килоти, градник, доволно за една недела, со резерва)
  • Пижами или ноќници (3–5 пара, лесни за перење)
  • Бањарка
  • Гумени папучи со стабилна подлога кои не се лизгаат
  • Топлинки или собни папучи
  • Надворешни обувки (едни за секојдневна употреба и едни за студено време)
  • Топол капут или јакна
  • Капа, шал и ракавици
  • Облека која ќе ја носи на забавите кои ги организираме

2. Лична хигиена и нега

  • Четка за заби
  • Козметика за нега на коса и тело (доколку користи специфична)
  • Чешел или четка за коса
  • Пелени за возрасни, подлоги и сл. (доколку користи)

3. Медицинска опрема и документација

  • Здравствена книшка
  • Рецепти, упати и потврди за ортопедски помагала (кои не се реализирани)
  • Целокупна медицинска документација и листа на лекови
  • Здравствен картон од кај тековен матичен лекар (доколку се префрла во ПЗУ)
  • Лекови и витамини кои ги има на залиха
  • Апарат за мерење шеќер во крвта и ленти (ако е дијабетичар)
  • Ортопедски помагала кои ги користите (бастун, дубак, штаки, митела, тоалетна/инвалидска количка и сл.)
  • Очила
  • Слушен апарат (со резервни батерии, ако се користи)

4. Постелнина и текстил

  • Мали пешкири за лице по желба на корисникот (2–3 пара)
  • Омилено ќебе или шал за дополнителна удобност

5. Лични предмети и забава

  • Семејни фотографии
  • Книги, списанија, тетратка со рецепти, друштвени игри, волница и игли (по желба)
  • Адресар или телефон со контакти на блиските
  • Термос или шише за вода

6. Останато

Сè она што сметате дека ќе ви биде потребно и ќе ви помогне полесно да се адаптирате.


Важно:

  • На самиот прием се прави листа на лични работи и слики од истите.
  • Сите парчиња облека ќе бидат соодветно обележани.
  • Куферот/торбите кои ќе ги донесете ќе бидат вратени на семејството на денот на приемот или еден ден потоа.
  • При завршување на престојот, неопходно е еден ден претходно да донесете торби за да го спакуваме корисникот. Доколку не донесете, личните работи ќе Ви бидат вратени во најлонски вреќи.