Кога е време за сместување на лице со деменција во установа за социјална заштита
Деменцијата и Алцхајмеровата болест не покажуваат секогаш веднаш значителни симптоми. Важно е навреме да се размисли за сместување - пред ситуацијата да стане неподнослива.
Секој кој се грижи за лице со деменција, треба да биде подготвен и свесен дека ќе дојде време кога сместувањето во установа за социјална заштита на стари лица ќе биде неопходно.
Што е установа за социјална заштита на стари лица?
Установите за социјална заштита на стари лица се места кои обезбедуваат постојана грижа и поддршка за повозрасни лица, вклучително и оние со когнитивни тешкотии како деменција или Алцхајмерова болест. Овие институции нудат специјализирани програми и активности за одржување на когнитивните функции, а истовремено обезбедуваат безбедна и удобна средина под надзор на професионално обучен персонал.
Овие установи се структурирани така што корисниците добиваат целосна грижа и внимание, што помага да се одржи квалитетот на нивниот живот.
Кои се знаците по кои ќе препознаете дека е време за сместување во установа за стари лица?
1Постојана загриженост и чувство на несигурност
Ако постојано се грижите за безбедноста и благосостојбата на вашите блиски, тоа е знак дека нивната состојба бара поголема поддршка од онаа што можете да ја обезбедите дома. Инстинктот на блиските често кажува многу, па ако чувствувате дека ситуацијата станува сложена, време е да ја разгледате опцијата за сместување во установа за стари лица.
2Стресот кој го чувствувате
Грижата за лица со деменција или Алцхајмерова болест е исклучително стресна. Напредувањето на болеста често го прави секојдневието уште потешко за оние кои се грижат за лицата. Овој стрес може да има сериозни последици врз нивното физичко и ментално здравје. Ако грижата станува премногу исцрпувачка, установата за стари лица може да биде најдоброто решение за вас и за вашите најблиски.
3Промени во однесувањето
Еден од првите знаци е појавата на невообичаени промени во однесувањето. Овие промени може да вклучуваат: засегната ориентација за време, простор и личности; агресивност; делузии и халуцинации; анксиозност или депресија; импулсивност или нарушување на сонот. Овие симптоми се чести кај лица со деменција и може да бидат сериозен предизвик за блиските.
4Општо влошување на здравјето
Ако забележите дека вашата сакана личност слабее, изгледа уморно или се соочува со нови здравствени проблеми, тоа може да биде знак дека им е потребна поголема грижа. Чести индикатори се: брзо губење на тежината; повреди или појава на модринки; потешкотии со движењето или хигиената. Установите за стари лица обезбедуваат 24-часовна медицинска грижа и надзор за да се осигура дека корисниците се во најдобра можна состојба.
5Социјална изолација
Кога личноста почнува да се повлекува од семејството и пријателите или губи интерес за социјалните активности, тоа е знак за грижа. Социјалната изолација може да доведе до депресија и дополнително влошување на состојбата. Во установите за стари лица, жителите учествуваат во активности кои го поттикнуваат дружењето и го подобруваат нивното расположение.
6Склоност кон талкање
Талкањето е чест симптом кај лицата со деменција и може да биде многу опасно. Доколку вашата сакана личност често се губи или не може да се снајде дури и во сопствениот дом, тоа е знак дека и е потребна безбедна средина со постојан надзор.
7Негрижа за личната хигиена и животните услови
Ако забележите дека личноста заборава да се капе, да подготви храна, да плати сметки или да ги одржува условите во домот, тоа е јасен показател дека е потребна дополнителна грижа. Нередот во домот или неплатени сметки можат да бидат сериозен аларм за Вас.
Како да разговарате со вашите најблиски?
Разговорот за сместување во установа за стари лица може да биде тежок. Важно е да се разговара со почит и разбирање. Вклучете ги сите членови на семејството и објаснете ги придобивките од домот, нагласувајќи дека оваа одлука е за нивна благосостојба и безбедност.
Совети за разговор:
- Бидете смирени и емпатични.
- Изберете соодветно време и место за разговор.
- Вклучете доктор или друг доверлив професионалец кој може да даде препорака.
- Организирајте посета на установата за да ги запознаете со условите и просторот.
Иако е тешко да се прифати дека вашите најблиски повеќе не можат сами да се грижат за себе, донесувањето на оваа одлука е чин на љубов и грижа. Установите за стари лица обезбедуваат безбедна средина, професионална грижа и активности кои го подобруваат квалитетот на животот на Вашите сакани. Ако забележите некој од овие знаци, време е да размислите за следниот чекор и да обезбедите најдобра грижа за Вашите најблиски.
Не чекајте состојбата да се влоши и симптомите да станат неподносливи. Сместувањето додека корисникот е контактибилен го олеснува адаптирањето, прифаќањето на дневната рутина во установата и соработката со членовите на персоналот. Ова овозможува креирање на индивидуализирани услуги според потребите на корисникот, што е од клучна важност за неговото благосостојба.
Ако препознавте дека е време за овој важен чекор, Оаза е вистинското место за Вашите сакани. Разговарајте со нашите стручни лица и донесете ја најдоброто одлука за нивната иднина.